Денес Апелациониот суд ќе ги разгледува жалбите на пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Апелацискиот суд во Скопје денеска ја почна јавната расправа на која ќе се разгледаат жалбите за доживотниот затвор на Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски кои од страна на првостепениот суд беа осудени за грабнување и свирепи убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите.
Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни 2025 година ги осудиЉупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за кривичните дела грабнување и свирепо убиство на двете жртви, а Александар Ѓорчевски беше ослободен од обвинението поради недостиг на докази.
Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Според првостепената пресуда, грабнувањето на 74-годишниот Панче Жежовски било за да го присилат да им го даде своето возило, за подоцна да го искористат за ново кривично дело – грабнувањето на Вања Ѓорчевска во Скопје.
Сите обвинети во текот на судскиот процес рекоа дека не се чувствуваат виновни и побараа ослободителна пресуда.
Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

