сабота, јули 27, 2024
Патување

Cloud 9 – Неверојатно задоволство среде океан

Cloud 9 овозможува неверојатно и незаборавно искуство и задоволство за посетителите, тоа е единствениот lounge bar во светот кој се наоѓа среде океан.


Додека храната се подготвува, гостите имаат можност да се нурнат во тиркизно сината вода на океанот или едноставно да уживаат во глетката. Овој пловен lounge bar се наоѓа на 45 минути од брегот на островот Фиџи, а до него може да се дојде со брод.

Гостите тука уживаат во специјалитетите на италијанската кујна и други кулинарски задоволства. Во прилог на одличната храна, Cloud 9 им овозможува на гостите да уживаат во разни спортови на вода и секој викенд се организираат забави на кои посебен зачин на атмосферата и додаваат разни светски Ди-Џеј имиња.

Cloud 9 има капацитет за нешто повеќе од 150 гости, а влезот е слободен за сите.

Cloud 9 - Fiji

Cloud9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Cloud 9 - Fiji

Сподели!