Бруклин Бекам ја покри тетоважата „мамин син“
Бруклин Бекам ја покри тетоважата „мамин син“ на градите и ја замени со цветен мотив инспириран од венчалниот букет на сопругата Никола Пелц. Британските медиуми оценуваат дека потегот симболично го одразува неговото оддалечување од семејството и целосната посветеност на бракот. Денес, повеќе од две третини од неговите тетоважи се поврзани со сопругата.
Бруклин Бекам со години важеше за пример на семејна лојалност во една од најпознатите јавни фамилии во светот. Како најстар син на Дејвид и Викорија Бекам, тој уште од тинејџерските години преку тетоважи ја истакнуваше приврзаноста кон родителите, браќата и сестрата, градејќи имиџ на млад човек кој не се откажува од сопствените корени.
Тетоважата што некогаш беше порака до мајка му
Меѓу првите и највпечатливи тетоважи се издвојуваше натписот „мамин син“, истетовиран преку градите како јавна посвета на мајка му Викторија. Во време кога децата на славните личности често настојуваат да се дистанцираат од семејниот бренд, Бруклин со овој гест испраќаше спротивна порака – дека семејството му е приоритет.
View this post on Instagram
Заменета со мотиви инспирирани од сопругата
Според британските медиуми, тетоважата „мамин син“ сега е целосно покриена со цветен дизајн, инспириран од букетот на венчавката со неговата сопруга Никола Пелц. Симболиката не помина незабележано, особено во период кога во јавноста се зборува за негово заладување на односите со родителите и за тврдењата дека тие се обидувале да влијаат врз неговиот личен и брачен живот.
Натписот посветен на мајка му исчезна, а неговото место го зазедоа нови мотиви кои речиси исклучиво се поврзани со Никола.
Повеќе од 70 тетоважи за сопругата
Откако се ожени, Бруклин сè поотворено ги претвора личните емоции во трајни обележја на телото. Тој самиот изјави дека од вкупно околу сто тетоважи, дури седумдесет се посветени на неговата сопруга, што ја претвора неговата кожа во своевиден визуелен дневник на нивната врска.
На неговата надлактица се наоѓа портретот на Никола, а под него стихови од песната со која таа чекорела кон олтарот. Во едно телевизиско гостување објасни дека сакал тој момент да го носи со себе засекогаш.
View this post on Instagram
Ветувањата врежани во кожа
Покрај портретот, на неговата рака се испишани и делови од брачните завети, меѓу кои и пораки што ја истакнуваат нивната емотивна врска и меѓусебна поддршка. За него, тетоважите не се моден тренд, туку начин чувствата да станат трајни.
Порака без зборови
Додавањето нова тетоважа е едноставно, но покривањето стара, особено онаа со натпис „мамин син“, носи поинаква тежина. Тоа повеќе не е естетска одлука, туку јасен сигнал за промена на приоритетите и симболично бришење на еден период од животот.
Во свет каде секоја изјава на славните се анализира, Бруклин Бекам својот став го соопшти без интервјуа и без јавни објаснувања. Наместо зборови, тој дозволи кожата да ја раскаже приказната – за љубовта, за оддалечувањето од семејството и за новиот центар на неговиот живот.









