Бизарна сцена во НБА: Кошаркари за малку ќе се степаа за топката по мечот Клиперс – Тимбервулвс

Необичен инцидент во НБА – кошаркари на Клиперс и Тимбервулвс за малку ќе се степаа по натпреварот поради топката од мечот.

Необична и тензична сцена се случи по натпреварот во НБА меѓу Лос Анџелес Клиперс и Минесота Тимбервулвс, кога играчите за малку ќе влезеа во физичка пресметка поради – топката од натпреварот.

По убедливата победа на Клиперс од 153:128 во арената Intuit Dome, играчот на Тимбервулвс Наз Рид се обидел да ја земе топката од Бенедикт Матјурин, што предизвикало незадоволство кај домашните кошаркари.

Во расправијата се вмешале и други играчи од двата тима, кои се обидувале да ги раздвојат. Во меѓувреме, Шон Педула, кој на овој натпревар ги постигна своите први поени во НБА кариерата, се обидувал да ја земе топката како спомен од својот дебитантски настап.

Ситуацијата се вжештила толку што морало да интервенира обезбедувањето, по што играчите биле испратени во соблекувалните.

Интересно е што дебитантот на Тимбервулвс, Роко Зикарски, на овој натпревар ги постигнал своите први поени на гостински терен. Според дел од медиумите, токму поради тоа Матјурин сакал топката да му ја даде нему, наместо на Педула.

На паркетот блескаше Кавај Ленард, кој ги предводеше Клиперс до убедлива победа со 45 поени, пет скока и пет асистенции. Матјурин додаде 22 поени, додека Педула натпреварот го заврши со шест поени и три асистенции, со 50 проценти успешност при шутот.

Со оваа победа, Клиперс го подобрија својот биланс на 33 победи и 32 порази. Во следното коло ги очекува дуел против Чикаго Булс на 13 март.