Апсења во Италија: Мигранти три дена силувале и тепале
Нов брутален случај ја шокираше Италија откако девојка од Колумбија која престојувала во Рим како турист била киднапирана, држена заробена и групно силувана во напуштен објект на периферијата на градот.
Италијанската полиција уапси пет мигранти осомничени за злосторството, а истрагата се проширува и кон други лица кои можеби учествувале во намамувањето и транспортот на девојката, јавува италијанската агенција ANSA.
Намамена по вечера во близина на Термини
32-годишната девојка од Колумбија пристигнала во Рим на 9 мај. Според информациите од истрагата, десет дена подоцна вечерала сама во близина на железничката станица Термини, кога ѝ пришол маж кој започнал разговор со неа.
Тој ја убедил да тргне со него под изговор дека може да ѝ набави хашиш. Девојката не насетувала дека станува збор за стапица.
По околу половина час пешачење низ источните делови на Рим, стигнале до комбе каде што, според обвинителството, девојката била киднапирана. Потоа била пренесена во напуштен комплекс во населбата Тор Червара, каде што престојувале повеќе нелегални мигранти.

Три дена хорор во напуштената зграда
Според истражителите, девојката била држена заробена 72 часа. Во текот на тие три дена била дрогирана, тепана и повеќепати силувана од група мигранти.
Осомничените ѝ ги одзеле мобилниот телефон и паричникот, а постојано ѝ се заканувале со смрт за да не се обиде да избега.
Во напуштениот објект, според италијанските медиуми, престојувале најмалку 22 лица со нелегален мигрантски статус. Станува збор за импровизирана населба во напуштена зграда на улицата Виа Чезаре Талоне, во источниот дел на Рим.
Девојката успеала да избега
По три дена заробеништво, девојката успеала да избега од објектот. Полугола и во тешка состојба била пронајдена на улица од италијански возач кој веднаш ја однел во болницата Касилино.
Лекарите забележале сериозни повреди и траги на сексуално насилство, по што веднаш ја известиле полицијата. Анализите покажале и присуство на наркотични супстанции во нејзиниот организам.
Девојката потоа била сместена во специјална програма за заштита на жени жртви на насилство.
Уапсени пет мигранти
По неколкудневна истрага, италијанската полиција организирала рација во напуштениот комплекс заедно со форензички тимови и имиграциски служби.
Уапсени се пет мигранти – двајца државјани на Гамбија, двајца Нигеријци и една жена од Мали. Тие се обвинети за групно силување и киднапирање, со отежнувачки околности поради беспомошната состојба на девојката.
Според истрагата, дел од осомничените биле идентификувани преку фотографии што ѝ биле покажани на девојката од Колумбија.
Una donna è rimasta rinchiusa per tre giorni in uno stabile abbandonato a Roma, dove, a più riprese, sarebbe stata costretta a subire violenze sessuali di gruppo dietro minacce di morte. Eseguiti 5 fermi a seguito delle indagini dei poliziotti della #squadra mobile#28maggio pic.twitter.com/W9KXiSNeO5
— Polizia di Stato (@poliziadistato) May 28, 2026
Откриени 22 нелегални мигранти во објектот
За време на полициската акција биле идентификувани 22 странски државјани со нелегален престој во Италија.
На единаесет лица веднаш им биле издадени наредби за депортација, а дел биле префрлени во прифатни центри.
Италијанските власти сега истражуваат дали во случајот биле вмешани уште најмалку три лица – мажот кој ја намамил девојката да замине со него, лицето кое ја транспортирало до зградата и сопственикот на објектот каде што била држена.
Случајот предизвика силни реакции во Италија, особено поради фактот што злосторството било извршено во импровизирана населба населена со нелегални мигранти во близина на Рим.

