Американски и грчки танкери погодени од ирански морски дронови – се стравува од голема еколошка катастрофа
Американски и грчки танкери натоварени со ирачка нафта се погодени од морски дронови. Се стравува од можна огромна еколошка катастрофа.
Два нафтени танкери во американска и грчка сопственост биле погодени од морски дронови за кои постои сомневање дека потекнуваат од Иран, јавуваат меѓународни медиуми.
NEW: An oil tanker was targeted in territorial waters near Iraq. pic.twitter.com/QE39k4xXnf
— Clash Report (@clashreport) March 11, 2026
Според информациите, танкерите превезувале сурова нафта од Ирак и биле погодени во ирачките територијални води. Се проценува дека на двата брода имало околу 400.000 барели сурова нафта.
За споредба, една од најпознатите нафтени катастрофи во историјата – Exxon Valdez oil spill – била предизвикана од излевање на околу 260.000 барели нафта. Доколку дојде до истекување од двата погодени танкери, експертите предупредуваат дека тоа би можело да стане најголемата еколошка катастрофа од овој тип.
Според податоците на TankerTrackers.com, веднаш по нападот кон танкерите биле испратени повеќе бродови за пребарување и спасување.
حريق كبير في ناقلة نفط قرب ميناء أم قصر جنوبي العراق. ترجيحات بأن النيران ناتجة عن استهداف مباشر للناقلة. pic.twitter.com/sc2rnsk8vd
— MUSTAFA SAADOON (@SaadoonMustafa) March 11, 2026
Во моментов нема официјални информации за жртви. Неофицијално се споменува дека едно лице загинало, додека десетици членови на екипажот биле спасени.
Надлежните служби продолжуваат со спасувачките операции и проценката на штетата, додека постои сериозна загриженост дека евентуално излевање на нафта би можело да предизвика огромни последици за морскиот екосистем во регионот.









