Ајлин Гу – од олимписко злато до модна писта
Ајлин Гу е една од најпознатите и највлијателни спортистки на Зимските олимписки игри. Родена и израсната во САД, таа донесе храбра одлука да настапува за Кина – избор кој предизвика бројни реакции во светската јавност. Со своите врвни резултати и освоени медали, таа ѝ донесе голема гордост на земјата за која настапува.
По доминацијата на натпреварите во Италија и освоеното злато во дисциплината „half-pipe“, Ајлин Гу реши накратко да направи пауза од спортот и да му се посвети на својот втор голем интерес – модата. Таа остана во Милано, каде што ја очекува Неделата на модата, настан на кој дебитираше уште во 2023 година.
Покрај титулата „кралица на зимските спортови“, Гу е и успешен модел и една од најплатените спортистки на Зимските олимписки игри. Во наредните седум дена, таа ќе ги замени скиите со елегантни модни комбинации, покажувајќи дека успехот може да се гради на повеќе полиња.



