Џејми Фокс уште во болница поради Камерон Дијаз
Џејми Фокс е веќе една „недела“ во болница, но јавноста се уште незнае за деталите што всушност му се случува на познатиот актер. Но, според последните информации, неговата здравствена состојба воопшто не е добра.
Најновите информации околу неговата состојба, односно, дека актерот има „медицински компликации“ ги сподели со јавноста неговата најстара ќерка преку Инстаграм, а јавноста ја замоли за почит и приватност.
Покрај изјавите на неговите најблиски дека состојбата му се подобрува, се уште нема информација кога Џејми Фокс би можел да ја напушти болницата или кога би се вратил на снимањето кое е при крај, чија филмска екипа продолжи со сетот и ќе снима понатаму.
Извор близок до семејството на Џејми Фокс тврди дека здравствената состојба на холивудскиот актер не е воопшто добра, но, велат дека пончал малку да напредува и да комуницира, затоа што, пред неколку дена Џејми не бил во можност ни да зборува.
Сепак, се зборува дека Џејми Фокс се „здробил“ психички на сетот поради лошите односи со колегите, а посебно со атрактивната актерка Камерон Дијаз.
Покрај тоа што глуми во филмот, Џејми Фокс може да се пофали и со продуцирање на овој проект, така што сите вмешани во снимањето на овој филм, веруваат дека тој е опседнат со сексипилната и харизматична Камерон Дијазн која го привлекува целото внимание.
Човек би посмислил дека тој е воодушевен од тоа дека ја примамил Камерон Дијаз да игра во филмот. Но, Џејми Фокс е опседнат со фактот дека таа е во центарот на вниманието.
– кажува извор, кој е дел од целокупната организација на проектот, односно, филмот.
А, од друга страна пак, холивудската мега ѕвезда – Камерон Дијаз, најави повлекување од светот на филмот откако ќе заврши овој проект.