Гугл направи Канлцеларија од СПА центар!
Гугл реши од СПА центар да создаде Канцеларија.
По шареното седиште во Цирих, Амстердам и Тел Авив, Гугл постојано е во потрага по нови идеи за дизајнот на канцелариите.
Графасел Дизајн Студио ги уредија канцелариите на Гугл во Будимпешта кои се базираат на интригантна тема СПА центар. Во Будимпешта се наоѓаат повеќе од 500 извори и со тоа го оправдува угледот на СПА град, а со тоа и не е случајно избрано вака да изгледаат канцелариите на Гугл.
Сигурно ги знаете добро познатите термални бањи во Будимпешта Széchenyi и Gellért, па според нив се дизајнирани и канцелариите.
Будимпешта е град кој се гордее со деветте златни олимписки медали и три златни медали во ватерполо на светски првенства и сето тоа беше земено предвид во дизајнирањето на канцелариите сè со цел да се создаде паралелност меѓу спортски и натпреварувачки дух во светот на бизнисот.
Секоја просторија од канцелариите има своја тема. Во концептот се вклучени разновидните бањи, сауна и парна бања како и арената за ватерполо и отворената плажа. Во дизајнот умно се искористени рециклирани материјали како што се палети и останати материјали од градежништвото.