Сицилија – Традиција на Медитеранот
Најголемиот остров на Медитеранот, Сицилија ѝ припага на Италија, но како земја таа е со единствена традиција, поинаков дијалект, одлична кујна и неповторлив ритам на животот.
Таа е како медитерански свет во мало со старогрчко, староримско, византиско, арапско и шпанско наследство. Сицилија е единствена со шаренолик и раскошен медитерански свет бидејќи во себе го примила северноевропското наследство, првенствено норманското. Сицилијанците се горди со тоа што нивниот остров претставува јак бренд.
Тие велат дека Сицилија нема потреба да се спореди со некое друго место, таа е автентична. Сицилија не е привлечна само за летување таа дава прилика да се запознаеме со европската цивилизација, природните богатства како и со единствениот жив вулкан во европа – Етна.
Сицилија се смета за голем музеј на архитектурата со остатоци од старогрчки и римски градови, градови со единствена норманско-арапска-византиска култура и локалниот сицилијански барок. Многу хотели во Сицилија се како музеи сместени во палати и вили со богата историја. Сицилијанците се полни со живот, отворени и дружељубиви.
Таа нуди уживање во спортови на вода и екстремни спортови. Посетете го вулканот Етна, направете излет на околните острови. Има лековити води од бањските центри, ноќен живот и дискотеки кои ги посетуваат филмски и познати светски ѕвезди, концерти на отворено и драмски претстави од античко време.