Пиво и Сладолед
Пиво и Сладолед, необична и интересна комбинација е овој вид на пијалок. Ако никогаш до сега не сте пробале направете го тоа и верувајте нема да згрешите.
Многу од вас сигурно помислуваат дека едното со другото воопшто не одговара, но доколку сте барем малку авантуристички расположени тогаш забавувајте се. Се разбира дека можете да направите и многу други комбинации, можностите се бескрајни и не грижете се, сладоледот и пивото се надополнуваат.
Потребни состојки:
Темно пиво
Сладолед (страчатела, ванила и чоколадо)
Начин на подготовка:
Во висока чаша за пиво ставете сладолед од страчатела, ванила и чоколадо, потоа полека наполнете ја чашата со темно пиво до врвот.
Ќе ви изгледа како пивото да претекува…
Декорација по избор… Уживајте!