петок, декември 27, 2024
АрхитектураДом и ДизајнЕнтериер

Гнездо на вода – WaterNest 100

Дизајнирана од италијанскиот архитект Џанкарло Зема, оваа викендичка го носи името WaterNest 100 која зафаќа површина од 100 квадратни метри. Гнездо на вода е 12 метри во дијаметар и 4 метри високо, изработено од рециклирано ламинирано дрво и рециклиран алуминиум.

WaterNest - Гнездо на вода
WaterNest – Гнездо на вода

Балконите се сместени на две страни и благодарение на големите прозорци, се создава голема светлина во внатрешноста и одлични моменти за уживање на вода со фасцинантен поглед на природата. Ова „Гнездо“ може да се употребува како место за живеење или угостителски објект, исто така, нуди можност за употреба како статичен или пловен објект. Но секако, наменето е за краток престој, односно, место за одмор и релаксација.

WaterNest - Гнездо на вода

Прозорците на бањата и кујната се сместени на дрвениот кров кој апсорбира сончева светлина преку соларни панели. „WaterNest 100“ е водоотпорна викендичка и може да биде позиционирана на река, езеро или плажа на поморски области со мирна вода.

WaterNest - Гнездо на вода

Во внатрешниот простор на „WaterNest 100“ се вклучени дневна соба, трпезарија, спална соба, бања и кујна или може да се конфигурира според различни начини за живеење и работни потреби.

WaterNest - Гнездо на вода

WaterNest - Гнездо на вода

WaterNest - Гнездо на вода

WaterNest - Гнездо на вода

WaterNest - Гнездо на вода

Сподели!