петок, декември 6, 2024
ВидеоДом и ДизајнЕнтериер

Главната Канцеларија на Фејсбук

Основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг на својот профил на оваа друштвена мрежа го објави првото видео во кое гледачите ги води низ „кратка турнеја“ во главната канцеларија на Фејсбук.

Зукерберг гледачите ги шета во главната канцеларија на Фејсбук, која за прв пат имаме прилика да ја видиме на ваков начин.

Она што ја прави компанијата Фејсбук специфична, е тоа дека во неа нема посебни „специјални“ канцеларии, сите оние кои работат во Фејсбук, сместени се на едно место и работат заедно, сè е отворено и транспарентно. Зукерберг, исто така, ги покажа и работните маси на сопствениците на Фејсбук за кои работи, а исто така, се наоѓаат помеѓу сите останати.

Сакаме да постигнеме многу отворена атмосфера во оваа компанија каде што сите може да видат на што работи некој од нас и со кого има состанок, што претставува клучен фактор за добра комуникација. Сето тоа создава транспарентна култура која нам ни овозможува да работиме најдобро што можеме

– вели Зукерберг.

Сподели!