Зошто треба секој ден да пиете Јогурт?

Научниците од универзитетот во Лондон, ни кажуваат дека многубројните истражувања кои ги направиле, докажуваат колку здраво е да се пие јогурт и препорачуваат да го пиеме секој ден.

Многубројните испитувања докажуваат дека ако секој ден се пие јогурт, тогаш метаболизмот добива супериорна заштита од инфективни заболувања. Истражувачите објавиле дека консумирањето на јогурт го поттикнува имунолошкиот систем на човекот и го прави организмот поотпорен на различни инфекции, како на пример инфекции на дишните органи и инфекции на желудникот, односно, на органите задолжени за варење на храната.

Во соопштението од ова истражување за јогуртот, исто така, се наведува дека овој прекрасен и природен напиток, го подобрува здравјето на нашите заби. Оралното здравје е многу важно за здравјето на целото наше тело, итакнале тие.

Исто така го препорачуваат јогуртот за деца помали од 3 години. Велат дека секојдневно треба да го консумираат јогуртот во утринските часови, затоа што нивниот имунолошки систем сè уште не е создаден.

Сподели го ова преку:
  • 2
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!