Зошто е здраво да јадеме костени

Есента неможе да се замисли без костени, а при тоа се многу здрави.

Сите со нетрпение ја очекуваме есента најмногу поради костените. Нема ништо поубаво од мирисот на костени кои се шири на плоштадот, а при тоа топли во ладната есен. Но, она што можеби не сте го знаеле е дека освен што се вкусни, костените се и многу здрави.

костен

Едиствен јаткаст плод со малку масти

Костените, како и другите јаткасти плодови, се покалоричени од овошјето. Сто грама суров костен има околу 130 калории. Неговиот состав е многу сличен со кафеав ориз, содржи многу скроб, но во исто време, тој е едиствен јаткаст плод, што има многу малку масти. Поради присуството на скроб, одличен е за деца, спортисти и за луѓе кои секојдневно имаат физичка активност.

Има витамин Ц

Дали знаете дека костенот е едиствен јаткаст плод што содржи витамин Ц. Толку е богат со витамин Ц, што 100 грама костени, покрива повеќе од 50 проценти витамин Ц, што му се потребни на еден човек во текот на денот. Освен тоа има и витамин А и Б, има и доста минерали како калциум. Многу е важно да се напомене, дека при термичка обработка, не ги губи своите нутриционистички елементи. Плодот е заштитен од дебелата кора.

костен

Богат е со фолна киселина

Околу 100 грама костени има 62 µg фолна киселина. Фолната киселина е многу важна за синтеза, за DNA и нормална работа на организмот. Најмногу е важна за бремени жени за правилен развој на детето. Така да ако си бремена жена, а не си знаела за костените, веднаш да ги конзумираш дека се повкусни од апчињата со фолна киселина.

Богати се со влакна

За разлика од другите јаткасти плодови, костенот е лесен за јадење, не создава киселини, на луѓе со осетлев желудник. Сето ова е благодарение на големата количина на влакна. Така што јаболката оваа есен слободно може да ја замените со костени.

Помага за вишокот вода во вашето тело

Ако имате проблеми со вишок вода во вашиот организам, костенот е вашиот лек. Се препорачува како лубеницата за луѓе со бубрежни болести и за жени во PMS.

Сподели го ова преку:
  • 11
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!