Три златни правила како да не добиете труење од храна

Овие три златни правила се многу важни, да ги знаете да не добиете труење од храна.

Постои одредена температура, која се нарекува опасна зона, тогаш најмногу се шират бактериите.  Агенциите за безбедност на храна ја дефинираат опасната зона од околу 5 ° C до 60 ° C , така да се предупредува, храната да не се чува на овие температури.

На пример, температурата на фрижидерот треба да биде под 4 ° C, а храната што се наоѓа надвор од фрижидерот не треба да се јаде по само два часа стоење на температури помеѓу 5 ° C и 60 ° C Микроорганизмите растат многу побрзо на температури помеѓу 21 ° C и 47 ° C.

Опасна контаминација е наведена како втора најчеста причина за труење со храна. Најчестата контаминација, доаѓа од недоволно обработено месо (сурово месо) и ако не ги миете убаво, овошјето и зеленчукот.

храна

Друга опасност е белиот леб, многу често луѓето не го јадат веднаш својот леб и го чуваат, белиот леб многу лесно знае да мувлоса, што може да ви направи сериозни здраствени проблеми, ако го конзумирате.

Во некои јадења постојат микроскопски габи, овие габи на вашето тело му го ослабнуваат имунитетот. Оние кои јадат бел леб имаат поголема веројатност да ги оштетат бубрезите и црниот дроб и слабеењето на имунитетот.

Сирењето исто така треба да внимавате и да го чувате многу добро, многу често знае да се расипа и да ви направи сериозни здраствени проблеми.

Многу често го чуваме ручекот или вечерата, но треба да знаете дека максимално три дена можете да го чувате, по три дена ако го немате изедено, најдобро би било да ги фрлите во канта остатоците.

Тука се вклучени јадењата, како шпагети со болоњезе сос и ориз, оваа храна е многу подлежна на расипување. Ова нема врска со тоа како го приготвувате оризот, туку како го чувате,  необработениот ориз има микроорганизми Bacillus cereus кои брзо се размножуваат. Тие можат да предизвикаат труење со храна, дури и ако оризот е веќе зготвен.

Сподели го ова преку:
  • 4
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk