Треба ли да пиеме по 8 чаши вода на ден?

Треба ли да пиеме по 8 чаши вода на ден? Еве ви го одговорот:

За сите што се мачат да ги пијат препорачаните 8 чаши вода на ден, имаме добри вести, научниците велат дека ова правило не важи за сите.

вода

Според експертите, слушањето на сопственото тело е најдобриот начин да дознаете дали имате доволно вода во своето тело. Ова звучи доста неодредено, но научниците од Универзитетот Монаш во Австралија, открија дека луѓето кој веќе имаат доволно вода во телото, тешко им е повторно да голтаат вода. Затоа, слушај го своето грло. “Треба да го правите она што вашето тело го бара – да пиете вода кога сте жедни, а не по закажан распоред”, вели Мајкл Фарел, водечки автор на студијата објавена во списанието “Зборник на трудови” на Националната академија на науките.

вода

Фарел и неговите колеги побараа од 20 учесници во студијата да пијат вода во две ситуации, по напорно вежбање, кога биле жедни и подоцна, кога водата морале да ја пијат на сила.

Во вториот случај, тие мораа да направат тројно повеќе напори за пиење на пропишаната количина на вода – што беше јасен знак дека телото не му е потребна таа вода и дека им прави само физички да им е потешко.

Значи, кога станува збор за митот за осум чаши вода дневно, добра идеја е да останете хидрирани, но мора да го слушате сопственото тело.

Треба да се истакне дека премногу вода може да биде и фатално. Прекумерното внесување на течности може да доведе до хипонатремија, односно оток на клетките на телото, што резултира со грчеви, гадење, повраќање, губење на свеста и во екстремни случаи до смрт.

Сподели го ова преку:
  • 24
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!