Што се случува со вашето тело кога трчате?

Многумина од вас помислуваат дека трчањето нема никаков ефект на вашето тело. Но, што се случува тогаш?

Се чувствувате подобро
Без разлика како се чувствувате, лошо или добро, по трчањето сигурно ќе се чувствувате многу подобро. Истражувањата од страна на „Medicine & Science“, покажале дека вкупно 30 минути трчање во денот, може да ви помогне ако патите од депресија.

Ќе изгледате поубаво
Познато е дека физичката активност троши калории и ги топи килограмите. Тоа значи, дека и два до три часа по тренингот, калориите се трошат, со трчање ќе потрошите многу повеќе отколку оние кои не го направиле тоа.

Кожата ќе ви сјае
Кога трчате ги активирате сите мускули и повеќе се потите. А потењето помага, да се отворат порите во кожата и да се исчисти целата нечистотија. Трчање со кое добро ќе се испотите, ќе поттикне природна влажност на кожата и ќе ја одржува свежа и здрава.

Ги зацврстувате колената
Трчањето помага при зацврстување на коскената срж и го намалува ризикот во старост да имате проблеми со коските. Иако некои мислат спротивно, дека со трчање ги заморувате колената, напротив, тоа предизвикува мобилност и здрави зглобови.

Го зајакнувате срцето
Дури и умерена брзина на трчање помага за зајакнување на срцето. Го намалува лошиот холестерол, а го зголемува добриот. Исто така, го намалува и крвниот притисок.
За личности кои боледуваат од срцеви болести, студиите покажуваат дека 25 километри неделно трчање им помага да се опорават по заболувањата.

Ќе бидете поиздржливи
Редовното трчање ви помага да сте поиздржливи и попродуктивни. Исто така, помага при зголемување на капацитетот на Белите Дробови, не се работи за кондиција, поголем капацитет на Белите Дробови, значи повеќе енергија и концентрација во текот на денот.

Го подобрувате сонот
Луѓе кои патат од несоница, често пијат таблети за спиење, наместо да трчаат. Ако патите од несоница, трчањето ќе ви помогне да заспиете и да имате квалитетен сон.

Зголемувате концентрација и фокус
Трчањето ги подобрува менталните способности. Една студија, спроведена во Англија, потврди дека кога ќе трчате, имате подобра концентрација, а на работа, по трчањето ќе имате помалку грешки и ќе бидете попродуктивни.

Ќе заштедите пари
Како што знаеме трчањето е бесплатно, нема плаќање чланарина во некој фитнес клуб. Сè што ви треба е тренерки и квалитетни патики и можете да почнете.

Сподели го ова преку:
  • 3
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk