Сауна за здраво срце

Сауната е многу важна за здравјето на вашето срце.

Дали знаете дека сауната е добра за вашето здравје и многу често луѓето, си градат сауна дома. Ова е хит во Европските држави, особено во Финска, скоро да секое семејство дома си прави лична сауна. Но, за ова има многу добра причина.

Во последното истражување, за здравјето на срцето на луѓето во Европа, најмалку проблеми со срцето, погодувате сигурно се баш Финците.

Финците се помалку подложни на тоа да добијат инфаркт, ова го тврдат универзитетските професори од Универзитетот во Бристол, каде што научниците собрале податоци повеќе од 15 години, на околу 1500 жители во Финска.

Тие откриле дека одење во сауна, најмалку четири до седум пати неделно, го намали ризикот од срцев удар за 60 проценти. Благодарение на престојот во сауна, крвниот притисок се намалува и телото се релаксира од стрес.

Сподели го ова преку:
  • 7
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!