Причини поради кои наутро лошо ви мириса здивот

Ова се трите причини за лош здив и дознајте како да се решите од нив.

Многу често се будите и здивот ви мириса лошо. Често се прашувате кои можат да бидат причините. Ние ви ги откриваме трите најглавни причини за лошиот здив наутро:

здив

Устата ви е сува

Додека спиете, устата е како жедна пустина, која дури и придонесува за лошиот здив наутро.  Рчењето и спиењето со отворена уста, дополнително го влошуваат проблемот. Додека сте будни, здивот не ви мириса лошо бидејќи, секогаш произведувате доволно плунка за да тоа го регулирате. Но, во текот на ноќта работите се менуваат. Недостатокот на влага дозволува лошите бактерии да се размножуваат во устата, бидејќи нема доволно кислород.

Имате храна меѓу забите

Ако не ги миете забите во вечерните часови, постои можност делови од храна да имате меѓу забите во текот на ноќта тие се распаѓаат меѓу вашите заби, а ова е лошо и за вашиот здив и за вашите заби.

здив

Сте џвакале мастика пред спиење

Гумите за џвакање може да изгледаат како освежувачи на здив, но тие можат да го направат спротивното, бидејќи содржат аспартам, засладувач со кој се хранат лошите бактерии. Има ист ефект како и храната која се распаѓа во устата.

 

Како да решите од лошиот здив?

здив

Џвакајте магаданос наутро

Богат е со хлорофил, антибактериски делува и научниците ова го откриле во 1942 и се одлични за лошиот здив.

Јадете најмалку еден целер или јаболко на ден 

Тие содржат многу вода и може да го стимулираат производството на плунката во устата. Водата и јогурт исто така се добар избор. Други храни кои ги стимулираат плунковите жлезди се цреша, зелка и краставица. Спротивно на нив, се кафе, газирани пијалоци, солена храна, тие ја намалуваат плунката во устата.

Џвакајте мастика само наутро

Ова е најбрз начин да се решите од лошиот здив, но како што рековме, мастиките се добри само наутро, ако џвакате во вечерните часови ќе имате спротивен ефект.

Забите да се мијат со сода бикарбона

Содата убива повеќе бактерии во устата од пастата за заби. Таа е добра алтернатива и пероксид. Содата е најдобар сојузник за лошиот утрински здив.

Сподели го ова преку:
  • 17
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!