Овие лоши навики предизвикуваат рак

Напревени се истражувања кои лоши навики предизвикуваат рак, една од причините е и недоволно пиење вода и јадење зеленчук.

Четириесет проценти од случаите на рак и истиот број на смртни случаи, од појавата на оваа болест, може да се избегнат или да се намалат доколку на време се преземат некои мерки овие резултати од истражувањето се објавени во медицинскиот магазин CA: A Cancer Journal for Clinicians”.

пушење

Најмногу оболени од рак и смртни случаеви се пушачите. Луѓе кои добиле рак од пушење се 19% односно 298,970 лица во 2014 година.

пушење

Дебелината е на второ место, но далеку зад пушењето, односно 7,8 проценти од случаите дебелината предизвикала  развој на рак, а стапката на смртност е 6,5.

алкохолизам

Третото место е алкохолизам што влијае на развојот на ракот кај 5,6% од случаите и како последица на ова, смртниот исход е четири проценти од случаите.

На четвртото место, е прекумерната изложеност на ултравиолетови зраци – кои влијаеат на развојот на ракот кај 4,7% од случаите, а процентот на смртни случаи е 1,5%.

вода и зеленчук

Петто место е физичката неактивност. Потоа следи недоволна конзумација на вода и зеленчук и како последица на ова ракот може да се равие кај 1,9 % од луѓето.

Според податоците од 2014 година, пациентите најчесто страдаат од рак на белите дробови, а во 81,7% од случаите причината е пушење. Таа е поврзана со 73,8 проценти од ракот на грлото, 50 проценти од ракот на езофагусот и 46,9 проценти од ракот на мочниот меур. Дебелината ја поврзуваат со, 60,3 проценти од рак на грлото на матката, една третина од сите случаи на рак на црниот дроб, 11,3 проценти рак на дојка и 5,2 проценти од рак на дебелото црево.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!