Натриум – Тивкиот непријател на нашето тело

Секако, сите знаеме дека балансирана и здрава исхрана е клучот за витка линија, а само во комбинација со физичката активност ќе дојдеме до позитивните резултати.

Сепак, што ако и со регулирана исхрана не дојдеме до посакуваните резултати, а ние и понатаму од ден за ден се соочуваме со вишокот килограми?

Имено, резултатите од истражувањето на универзитетот во Лондон, покажале дека проблемот можеби е во „тивкиот непријател“ на нашата витка линија кој секојдневно го конзумираме.

Станува збор за натриумот, кој првично се наоѓа во кујнската сол, а поединечни истражувања покажале дека повеќето луѓе конзумираат дури и пет пати повеќе сол отколку што им е потребно за нивното тело.

Во што точно e проблемот?
Натриумот во солта поттикнува абсорбирање на вода во ткивото и делува контрапродуктивно врз намалување на телесната тежина, а премногу конзумирање на натриум го отежнува топењето на масните наслаги во нашето тело и ќе го забави нашиот метаболизам.

Ако судиме според резултатите од ова истражување, со секој непотребен грам сол кој го внесуваме во нашиот организам, го зголемуваме ризикот од здебелување за 25 проценти. Така што, можеме да заклучиме дека навистина ова истражување го откри тивкиот непријател на нашето згодно тело.

Сподели го ова преку:
  • 10
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

грешка: Содржината е заклучена!