Намирници за зголемување плодност кај мажите

Денес, многу парови се борат со неплодност па ви преставуваме намирници за зголемување на плодност кај мажите.

Денес, еден од шест парови имаат проблеми со забременувањето. Во 20 проценти од случаите, проблемот е скриен во слаб квалитет на спермата, која често се поврзува со недостаток на цинк и витамини. Затоа предлагаме храна која може да помогне.

семе тиквва

Семе од тиква

Семињата од тиква се добар извор на бакар, омега-3 масни киселини, цинк и витамин К, а како важна компонента тие поседуваат антиинфламаторни особини кои штитат од рак, артритис и остеопороза. Омега-3 масните киселини го зголемуваат протокот на крв во половите органи.

kalinka

Калинка

Сокот од калинка ја подобрува еректилната функција и го зголемува квалитетот на спермата. Резултатите од истражувањето покажаа дека мажите и жените кои секојдневно пијат чаша сок од калинка имаат зголемено ниво на тестостерон хормон, што ја зголемува сексуалната желба. Резултатите од истражувањето на научниците од Универзитетот во Единбург (вклучувајќи 58 волонтери на возраст меѓу 21 и 64 години) покажуваат дека тие што го пијат овој црвен сок имаат 16 и 30 отсто повисоко ниво на тестостерон од оние кои никогаш не го консумирале сокот.

школки

Школки

Цинкот се препорачува во лекувањето на машката неплодност, бидејќи е важен за производство и мобилност на сперма. Од античките времиња школките се конзумираат, бидејќи се екстремно богати со цинк и се добар афродизијак.

лук

Лук

Лукот делува како природен афродизијак и го зголемува производството на сперма. Таа содржи соединение наречено алицин кое ја подобрува издржливоста на спермата и ја подобрува циркулацијата на крвта. Минералниот селен присутен во лук придонесува за мобилноста на спермата.

зелен чај

Зелен чај

Истражувањата покажаа дека антиоксидансите во зелениот чај имаат добар потенцијал за поттикнување на плодноста со неутрализирање на слободните радикали кои можат да ја оштетат спермата.

Сподели го ова преку:
  • 69
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk