Најмоќниот природен антибиотик на светот

Есента е време за настинки, но постои природен антиботик кој може да си го направите дома.

Овој природен антибиотик ги уништува бактериите, а исто така  ги уништува и паразити, вирусите и габите. Го стимулира протокот на крв и лимфата во телото. Некои го користат за чистење на крвта, подобрување на циркулацијата и лекување на хронични заболувања.

Овој лек се состои од комбинација од природни и свежи состојки, а нејзиниот мирис ги чисти синусите и го олеснува дишењето.

Состојки:

. ¼ мала шолја рендан лук

. ¼ мала шолја ѓумбир

. 2 лажици рендан рен

. 700 мл органски јаболков оцет

. 2 лажици куркума во прав

. ¼ мала шолја убаво исечкан кромид

. 2 чили пиперки

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во тегла(имајте во предвид дека во 1/3 од теглата мора да има оцет).Чувајте ја теглата на  суво и ладно место. Протресете ја секој ден, во рок од три дена и потоа може да ја конзумирате. Исцедете ја течноста во нов сад и чувајте ја во фрижидер. Остатоците немој да ги фрлите, туку може да ги ставите во супа. Овој напиток може да го користите и во салата.

Конзумација:

Овој лек има силен вкус, имајте на ум дека не треба да го разредувате. Едноставно проголтете го, потоа јадете било каква храна, за да го отстраните непријатниот вкус. Една лажица од овој напиток на ден, го зајакнува имунитетот и лечи од настинки. Ако имате посериозни проблеми конзумирајте го 5 до 6 пати на ден.

Сподели го ова преку:
  • 54
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk