Најчести грешки кои ги правите кога сакате да се храните здраво

Конечно донесовте одлука здраво да се храните и да се запишете во некој фитнес центар. Слушате милион приказни од она „што е здраво“, се трудите многу и повторно не губите килограми?

Ние ќе ви посочиме најчести грешки кои ги правите кога сакате да се храните здраво.

Најчести грешки при здрава исхрана

Премногу верувате на „здрави“ етикети
Ако сакате да го изгубите вишокот килограми, сигурно прво што правите, купувате производ на кој пишува „ниско калоричен“ или „не содржи масти“. Меѓутоа, кога производот има помалку масти или мал број на калории, сигурно има зголемени шеќери, сол или адитиви како храната би добила подобар вкус.

Ја занемарувате умереноста бидејќи храната е здрава
Ако некои производи се богати со нутриционистички вредности, тоа не значи дека секое утро треба да јадете по три тоста со Авокадо и да очекувате да губите килограми. Најважно е да ги контролирате порциите во текот на денот. Иако, веќе слушнавте дека овошје и зеленчук може да јадете колку сакате, мора да знаете дека и најздравите намирници имаат шеќери, скроб и калории.

Мислите дека јагленохидратите се ваши непријатели
Не постои ниту една диета во која целосно може да ги тргнете јагленохидратите од исхраната. Јагленохидратите ви се потребни за нормално да функционира вашето тело, тие му даваат гликоза, што претставува ваше гориво. Иако, диетата без јагленохидрати ќе ви донесе резултати со губење на килограмите, тоа нема да биде долгорочно. Со тоа што, гравот и јогуртот содржат јагленохидрати тешко дека ќе можете да ги тргнете од вашата исхрана.

Мислите дека сите калории се еднакви
Ако планирате да ги броите калориите, посветете внимание и на нивниот квалитет. Ако сакате да ослабнете на здрав начин, треба да консумирате храна која е здрава и хранлива. Ако консумирате 1500 калории чипс, газиран сок и бисквити, не е исто ако конзумирате 1500 калории на лесни протеински производи. Постојат различни видови калории кои вашето тело ги согорува на различен начин.

Заборавете на калориите кои ги пиете
Многу ретко ви текнува, дека секојдневните пијалоци кои ги пиете содржат калории. Пазете колку шеќер внесувате во кафето или колку е голема вашата чаша со вино. Со малку прилагодување на пијалоците кои ги пиете, може да внесувате многу малку калории во текот на денот.

Сподели го ова преку:
  • 14
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!