Миењето раце е половина здравје, но често ги миете погрешно

Сите знаеме колку е важно миењето на раце, но дали знаете дека често погрешно ги миете?

Хигиената е половина здравје, тоа ги учиме нашите деца уште од мали нозе. Миењето раце е неизбежна секојдевна хигиена. Сите знаеме дека најголем број од бактериите и вирусите се пренесуваат преку рацете, па затоа е многу важно да не го допирате вашето лице, ако вашите раце не се измиени, бидејќи така се грижите за вашето здравје.

Но, она што ги загрижи, истражувачите од САД, е тоа што во Америка само три проценти од населението правилно ги мие рацете. Другите, често ги мијат своите раце „на брзање“ најчесто само со вода, а понекогаш и со сапун. Но, она што треба да го знаете е дека, рацете треба да ги миете најмалку 20 секунди со сапун, за да можете да ги измиете најголемиот број на бактерии кои ги имате на вашите раце.

Треба добро ја измиете цела површина на вашата рака, треба добро да се измиете помеѓу прстите, под ноктите и да ги измиете убаво палците, а потоа рацете да ги избришете со хартија за раце.

Сподели го ова преку:
  • 8
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!