Маслото од Канабис ги ублажило хроничните напади на шестгодишната внука на ѕвездата од Астон Вила, Габи Агбонлахор!

Родителите на шестгодишно девојче од Бирмингем, ја лекуваат недијагностицираната мозочна состојба на нивната ќерка со масло од Канабис.

Џејла Агбонлахор, внука на фудбалската ѕвезда од Астон Вила, Габи Агбонлахор, била итно пренесена во болница неколку дена по нејзиното раѓање, откако нејзините родители забележале дека таа престанала да дише.

Првично, докторите се сомневале во епилепсија, сепак, по пет месеци болничка грижа, идентификувале дека проблемот е во мозокот на бебето.

Нејзината состојба не се подобрила, страдала од постојани напади, кои доведувале до хоспитализација на секои три до четири недели.

До неодамна, таа не можела да оди, да зборува, да јаде или да пие, се хранела само преку цевка која и е поврзана до желудникот. Исто така, страдала и од срцев удар како бебе.

„Гледајќи ја толку безживотна, ме оштети внатре“, напишала мајката Луиза Босток на интернет страницата за својата ќерка „Go Fund Me“, која досега достигнала буџет од 5.526 фунти за Босток и нејзиното семејство, кои се наоѓаат во Ердингтон, Бирмингем.

Уште повеќе, состојбата на Џејла покажала отпорност на традиционалните лекови и докторите на нејзините родители им кажале дека Џејла најверојатно ќе умре на рана возраст.

По истражувањето на придобивките од маслото од Канабис, 33-годишната Босток почнала тајно да ја лекува својата ќерка на нејзината четиригодишна возраст.

„За неколку недели Џејла имаше помалку напади и дури почна да јаде нормално и насмеано“, вели Луиза Босток.

И покрај позитивните резултати, Босток мораше да се соочи со полицијата и законите, во врска со нелегалното администрирање на „дрога“ од класата Б за нејзината ќерка.

Подоцна таа беше ослободена, за да може законски да го користи маслото од Канабис во 2015 година, но сепак, таа не е во можност да го купи во Велика Британија, мора, најголемиот дел на квалитетното масло потребно за лекување на мозокот на Џејла да го нарачува од Холандија за 80 фунти по шишенце.

Босток е воодушевена од резултатите, објаснувајќи дека нејзината ќерка има многу посреќен живот сега кога има помалку напади, јаде нормално и сè почесто се смее.

Таа се надева дека NHS ќе го забележи случајот на нејзината ќерка и ќе го разгледа одобрувањето на канабисот како медицинска форма на третман во Велика Британија.

Меѓутоа, според семејниот профил на социјалната мрежа Твитер, додека маслото од Канабис им даде знаци за надеж на родителите на Џаила, нејзината состојба останува недијагностицирана и шестгодишното девојче неодамна беше подложено на операција.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!