Maсло од кантарион, одличен домашен лек

Maсло од кантарион, одличен домашен лек кој го користат и бремени жени.

Кантарионот е повеќегодишно тревно растение, со разгранет корен. Цветовите и се жолти, цвета скоро цело лето од мај до септември. Маслото од кантерион се прави од цветот и е најраспространет народен лек.

Маслото од кантарион како лек за многу болести

Маслото може да се нанесува надворешно на кожата, но и може да се пие. Ова масло, особено е добро за жените. Маслото содржи антибактериски, антивирусни, ревитализирачки и антигенски својства. Тоа во себе има и флавоноиди, хиперицин и танини кои се одлични состојки за кожата. Често се користи за изгореници, но е одличен и за јадење, особено за јадења со риба.

кантарион

Маслото од кантарион може да помогне во овие случаеви:

во изгореници од прв степен

женски проблеми, како воспаление на јајници, вагинални и габични инфекции

помага при проширени вени

чирови

рани, лузни и стрии (не го ставајте на свежи и отворени рани) туку помага за лузни и рани кои веќе ги имате со години

отстранување на акни и мозолчиња

реума

смирување на нервите

Се верува дека маслото од кантарион помага на луѓето кои патат од депресија и анксиозност. Исто така, може да помогне при спиење или проблеми со спиењето, бидејќи тоа ќе го смири умот и телото. Делува после две недели, поспоро, но потоа ќе се чувствувате смирени, ќе чувствувате помалку замор дури помага и за подобра концентрација.

Ова масло е многу добро познато кај жените. Помага при габични инфекциии, ова го знаат жените што имаат вагинални проблеми. Помага кога на тампон или на памук ќе се стави внатре во вагината. Постапката мора да се повторува неколку пати. Воспалување предизвикано од ХПВ, исто така може да помогне.  Исто така помага на бремени жени, за мачкање на стомакот да нема стрии и после породување за лечење на раната. Но, бремените жени од друга страна не смеат да пијат чај од кантарион. Маслото помага за менструални болки и ја регулира работата на хормоните.

За подобра циркулација ова масло е вистински спас. Ефикасно е за воспалени мускули и нерви. А, е спас и за херпс бидејќи има антивирусни својства.

Маслото помага многу на кожата и може да го користите секој ден, за акни,  мозолчиња и ќе го обнови младешкиот изглед на кожата. Можеби сте дошле до информации дека ова масло е одлично за сончање или за побрзо потемнување. Не се препорачува да се користи при изложување на сонце, бидејќи може да добиете само изгореници.

кантарион

Како да си го направите сами дома?

Ако сакате сами да си го направите и да не го купите од аптека го имаме рецептот. Потребни ви се само околу 100 грама цвеќиња од кантерион и ладно маслиново масло. Откога ќе ги соберете цвеќињата ставете ги да се исушат еден ден, а потоа ставете ги во маслото. Ставете го во стаклена тегла затворете ја и оставете ја на сонце околу 40 дена. На неколку дена протресете ја теглата. Чувајте ја во темни тегли и не во фрижидер. После 40 дена маслото треба да биде темно црвено, до виолетово.

Сподели го ова преку:
  • 15
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk