Консумирајте Апетисани еднаш неделно

Луѓето кои често консумираат Апетисани – природна високо калорична храна, како што се ореви, се помалку склони кон здебелување и полесно одржуваат тенка линија. Затоа, експертите препорачуваат дека е многу здраво да се консумираат, барем еднаш неделно, бадеми, ф’стаци, кикирики, ореви…

Иако една шака на некои јаткасти плодови, има речиси еднаква калорична вредност како еден оброк, тие се многу побогати со други витамини и минерали, кои се извор на енергија. На пример, 100 грама бадеми содржат 578 калории, 100 грама фстаци блиску до 600 калории, чаша лешник 722 калории, 100 грама ореви 750 калории, затоа, многумина ќе се прашуваат како е можно тоа дека таква голема количина на калории може да влијае на намалување на телесната тежина.

Имено, истражувачите на европското списание „Journal of Nutririon“ тестирале неколку диети за луѓето кои имале проблем со вишокот килограми. Резултатите покажале дека повеќе килограми изгубиле оние кои секојдневно јаделе апетисани од тие што не јаделе такви плодови.

Според нутриционистите, јаткастите плодови можат да помогнат да се одржи идеалната тежина од неколку причини. Прво, нивната комбинација на влакна и протеини може да ве задржи сити подолго од другите видови храна. Тие им даваат многу енергија на оние кои често вежбаат, па можете да изгубите повеќе калории и да се чувствувате помоќни. Нивните незаситени масти може да ви помогнат да согорите повеќе калории дури и додека мирувате.

Апетисаните, исто така, помагаат да се зајакне кожата, косата и ноктите, да се зголеми меморијата и концентрацијата и да се зголеми либидото.

Затоа, ако сакате да изгубите тежина, не плашете се да ги консумирате овие високо калорични плодови. Најважно е да ги распоредите правилно. Секој ден е доволно да се јадат неколку јаткасти плодови, ако сакате да бидете здрави и да ја задржите добрата форма, но експертите препорачуваат да ги јадете најмалку еднаш неделно.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!