Колку години има оваа жена

Колку години има оваа жена, сигурно нема да погодите од прва.

фитнес

На прв поглед, на оваа жена нема да и дадете повеќе од 25 години. Но, таа има двојно повеќе, само затоа што води здрав живот.
Многу средовечни жени се борат со брчки и постпородилен стомак. Но, сето ова не е ништо за 50-годишната мајка на две деца Лајла Вајт од Сингапур, а на нејзината фигура можат да и завидат и млади девојки. Нејзината линија се должи на строгиот режим кој го има 20 години, на исхрана и вежбање. Оваа жена е личен тренер и кажува дека вежбањето и ја вратило самодовербата и ја направило „силна како бик“.

„Отсекогаш сум била слаба, дури и по раѓањето на децата. Да се ​​биде домаќинка и мајка ми беше кариера без прекин. Сфатив дека тоа е една од најтешките работи на светот. Бев импресионирана од трансформацијата на телото на мојот брат, откако стана војник на 18 години. Тој ми покажа неколку вежби со кои ме заинтригира и ме охрабри да се запишам на курсот за инструктор по аеробик ” вели Лајла.

Она тренира по пет до шест дена секоја недела, вежбите и се состојат од 45 минути тренинг на цело тело и 45 минути кардио вежби или јога. Таа добива и негативни коментари дека нејзиното тело и било како на маж. Ама таа не се замарала бидејќи е задоволна како изгледа. 

„Да имате убаво тело не е успех преку ноќ, треба многу труд и тоа е долг процес. Немој веднаш да очекувате резултати само бидете трпелии.“ додава Лајла.

Сподели го ова преку:
  • 13
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!