Како загадениот воздух влијае на вашето здравје

Како загадениот воздух влијае на вашето здравје и какви последици може да има.

загаден воздух

Чист воздух е темел за здравјето и животот на луѓето и целиот екосистем. Воздухот е смеса од гасови и се состои од околу 78% азот, 21% кислород и многу мали количества на гасови како, јаглерод диоксид, водород, озон, водена пареа и разни нечистотии. Проблеми се јавуваат кога овој однос е нарушен

Ефектот да загадениот воздух влијае врз нашето здравје зависи од многу фактори: од нашата возраст, од генетско наследство, ниво на стрес, без разлика дали страдаме од нешто, како и степенот на физичка активност.
Покрај тоа, загадувачките ефекти на екосистемот зависат од самиот екосистем -од што настанува загадувањето, хемискиот состав на почвата и така натаму.
загаден воздух

Најчестите болести предизвикани од од загадениот воздух кај луѓето се:

  • -Диспнеа и акутна функција на белите дробови (дишење),
    -Рак,
    -Структурни промени,
    -Системско Труење (пр. Олово),
    -Ослабнување на имунолошкиот систем што води до зголемена подложност на инфекции,
    -И други здраствени проблеми како на пример губење кислород во ткивото (на пр. губење на свеста поради вдишување на јаглерод моноксид).

Дури и кратката изложеност на оксиди на сулфур (на пр. 14,3 мг / м3 во текот на неколку минути), азот или озон може да доведе до отежнато дишење, производство на слуз (мукус) и бронхијалени грчеви како резултат на иритација и воспаление. Бронхитис грчеви и создавањето на слуз го отежнуваат протокот на воздух, го намалуваат капацитетот на белите дробови и ја намалуваат стапката на размена на гасови помеѓу крвта и алвеоларниот воздух.

Сето ова влијае на намалениот внес на кислород во ткивото, а исто така ја отежнува работата на срцето. Надрзнувањето на плуќата, како последица на загадениот воздух, пушењето, алергиските реакции или сето тоа заедно, може да доведе до хронична состојба и на крајот до трајни структурни промени во белите дробови.

Болести како што се астма, хроничен бронхитис или емфизем обично се јавуваат со комбинација на наследни предиспозиции, пушење и услови на работното место, како и изложеност на аерозагадувањето во околината во која едно лице живее и работи.

загаден воздух

Без оглед на причината за болеста, луѓето што се изложени на овие состојби, особено децата и старите лица, припаѓаат на група луѓе кои се многу подложни на аерозгадувањето.

Аерозагдувањето се апсорбира во крвотокот преку белите дробови и предизвикува проблеми и во други делови на телото и тие се нарекуваат системски токсини.

Сподели го ова преку:
  • 41
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk