Како најдобро може да го исчистите овошјето и зеленчукот од пестициди

Едноставен трик кој треба да го знае секој од вас за да го исчистите овошјето и зеленчукот од пестициди

Ако не сте од оние среќните кои имаат услови, двор или нива и сами да си одгледувате органско овошје и зеленчук, тогаш сигурно приморани сте да овошјето и зеленчукот го купувате. Но, проблемот што не мачи се пестицидите кои се повеќе се застапени во овошјето и зеленчукот, како да се ослободиме од нив?

Ако ги миете само со вода ќе исчистите многу мал дел од пестицидите, ако пак ја лупите кората тогаш губите многу хранливи материи кои ви се потребни. Знаевме дека пестицидите и хемикалиите со што се прскаат овошјата и зеленчуците кај вас внесуваат страв и со причина, но сепак има и за ова решение.

Пестициди

Ова решение е доста едноставно и ефикасно.

Голем сад, наполнете го со вода, потоа додајте јаболков оцет, на 5 литри вода треба 0,5 литри оцет. Сето ова добро измешајте го и ставете ги во садот овошјето и зеленчукот. Водата треба да биде на собна температура. Овошјето и зеленчукот оставете ги така да стојат 15 минути. Потоа измијте ги со чиста вода. Ако знаете дека овошјето и зеленчукот што ќе го конзумирате има повеќе штетни материи, тогаш зголемете ја дозата на оцет.

Но исто така може да си направите и домашен спреј за прскање.

Овошјето и зеленчукот може едноставно само да ги испрскате пред да ги конзумирате. Прво купете си шишенце со распрскувач. Во него додајте една лажица сок од цеден лимон, две лажици оцет и 250 милилитри вода. Затворете го и убаво протресете го, како би состојките добро се соединиле. Пред да го конзумирате овошјето и зеленчукот, испрскајте гo со спрејот оставете го да делува 10 минути, а потоа измијте гo со ладна чиста вода. Избришете ги со кујнска крпа или ракавица и спремни се за конзумација, а притоа нема да почуствувате никаков лош мирис.

Сподели го ова преку:
  • 10
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!