Како да се расоните

Некои работи, може ги правите погрешно цел живот.

Топол и мек кревет, а морате сабајле на работа или на школо, еве неколку трикови како побрзо да се расоните.

будење

1 Кафе

Кафето, е секогаш број еден кај многумина од нас. Кафето ќе ве расони, со тоа што ќе ви го забрза, срцевиот ритам на околу 100 отчукувања во минута додека нормалното ниво е 60-80 отчукувања во минута. Со, тоа добивате енергија, но краткотрајно. Кафето е исто така диуретик, што значи дека ќе ја стимулира и ќе ја зголеми работата на цревата.  Ако пиете кафе гладни, тоа може да му наштети на вашиот организам. Прекумерното количество кафе на ден може да влијае на губење на коскената маса, додека пак умерено консумирање кафе, околу 20 грама на ден, можете да го намалите ризикот од Алцхајмерова болест до 20%. Кофеинот помага за кожата и го намалува ризикот од рак на кожата.

будење

2 Лимон

Витаминот Ц, го имаме во големи количини во лимонот, тоа ќе ви помогне побрзо да се расоните. Исто така има многу малку калории, но многу флавоноиди кои помагаат за подобри ментални способности. Сокот од лимон, сигурно ќе ви помогне да се разбудите брзо, но внимавајте да не го пиете гладни, бидејќи може да ја оштетите слузницата на желудникот од киселост.

будење

3 Вода

Чаша вода веднаш после будење, ќе ви помогне за хидратација на телото и ќе добиете енегија веднаш штом се разбудите. Во текот на денот, па и додека спиеме нашето тело губи често вода, а колку што повеќе трошиме течности се чувствуваме поуморни. Освен тоа, најубаво е и наутро пред да отиде на работа да се истуширате, бидејќи млаката вода ќе го подобри протокот на крв низ телото, што автоматски ќе резултира со повисоко ниво на енергија.

будење

4 Светлина и студ

Ако се наоѓате во затемнета просторија многу полесно заспивате. Затоа ако станете и веднаш запалите светло и ги отворите ролетните полесно ќе се расоните. Исто така се препорачува малку да попешачите пред да влезете во вашето работно место, бидејќи изложеноста на светлина е директно поврзана со производството на мелатонин во телото, а овој хормон игра главна улога во регулирањето на спиењето. Студот исто така помага побрзо да се расоните. Студеноста ги собира крвните садови, а исто така влијае на активирањето на дел од мозокот кој ја регулира будноста.  Ако сте на работа и ви се приспие, само отворете прозор да влезе светлина и свеж воздух и ќе бидете како нов.

будење

5 Да имате физичка активност

Ова не значи дека пред работа треба да пливате или трчате, но малку да го размрдате вашето тело со музика од кога ќе се разбудите, ќе ви помогне побрзо да се расоните и да бидете расположени цел работен ден.

будење

6 Чоколада

Чоколадото е одличен десерт, ако не може да се разбудите лесно. Таа содржи голема количина на витамин Б, кој ја подобрува функцијата на мозокот. Темните чоколадни коцки имаат одредена количина на теобромин кој е многу сличен на кофеинот.

Сподели го ова преку:
  • 22
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!