Како да се ослободите од непријатниот здив на лук

Познато е колку црниот и белиот лук се важни во нашата исхрана, но многу луѓе избегнуваат да го јадат овој зеленчук поради јакиот и непријатен мирис.

Сепак, во текот на исхраната слободно уживајте во младиот лук, а еве и неколку совети како брзо да се ослободите од лошиот здив по неговото конзумирање.

Јаболка и Јаболков Оцет

Јаболко
Во освежувањето на здивот многу помагаат јаболката, кои се препорачуваат по јадењето. Изедете некое јаболко или за побргу да си помогнете конзумирајте јаболков оцет, промешајте 1-2 кафени лажички јаболкоб оцет и малку вода, а потоа испијте го одеднаш.

Нане

Нане
Растение лековито и здраво како што е Нане, се препорачува да се јаде во повеќето случаи во нашата исхрана. Но, Нане треба да џвакате во свежа состојба за побргу да го отстраните непријатниот мирис на здивот од лук. Едно истражување направено во САД, докажало дека составот на сирови или печени јаболка, зелена салата или Нане може да го освежи здивот по конзумирање на црниот или белиот лук.

Магдонос

Магдонос
Одлично средство за неутрализација на непријатниот здив е и магдонос, а единствено нешто кое треба да направите е да џвакате неколку ливчиња.

Ротквици

Ротквица
Лошиот здив од лукот ефикасно го елемириаат и ротквиците, изедете свежа ротквица и непријатниот мирис ќе исчезне за момент.

Лимонада

Лимонада
Направете си густа лимонада. Исцедете го сокот од лимонот и направете си лимонада без шеќер, лимонадата е воедни и многу здрав напиток доколку го пиете без шеќер, а исто така, многу ќе ви помогне за неутрализација на непријатниот мирис на вашиот здив од лук или кромид.

Зелен Чај

Зелен чај
Зелениот чај најмногу треба да го конзумирате наутро, но во овој случај пожелно е да го испиете со мед.

Шише и Чаша Млеко

Млеко
Кај непријатниот здив од лук многу помага и млекото кое би требало да го пиете во текот на јадењето или по јадењето, се препорачува дека повеќе ќе ви помогне она млеко кое содржи повеќе масти во себе.

Сподели го ова преку:
  • 16
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заклучена!