Избегнувајте ги овие зеленчуци ако сакате да ослабнете

Зеленчукот секогаш асоцира на здрава и свежа храна богата со витамини, што е идеален за губење на тежината. Сепак, најновите научни истражувања покажуваат дека не, секој зеленчук помага во губење на тежината, туку напротив може да го стори спротивното.

Стручњаци од Универзитетот Харвард за Јавно Здравство “T.H. Chan” направиле студија за навиките на исхрана на 13.000 возрасни лица. Истражувањето траело повеќе од 20 години, а резултатите покажаа дека скробниот зеленчук ни качува килограми.
Имено, лицата кои јаделе повеќе зеленчук кои содржи скроб, добиле поголема тежина од лицата кои јаделе друг вид на зеленчук. Зеленчуци кои содржат скроб се: пченката, компирот, грашокот и гравот, а пченката е издвоена како зеленчук кој најмногу дебелее.

Зеленчук

Зошто скробот дебелее?
Скробот е сложен јагленихидрат. Некои зеленчуци, како што е леќата, имаат ниски GI и се сметаат за добри јагленихидрати. Други, вклучувајќи ги горенаведените зеленчуци, имаат високи, GI и се лоши јагленихидрати. Зеленчуци со лоши јагленихидрати дебелеат.

Кои зеленчуци помагаат за да ослабнете?
Ако сакате да изгубите тежина или да ја задржите моменталната, наместо пченка, грав, грашок и компири, јадете зеленчук богат со влакна. Во оваа група зеленчуци спаѓаат: карфиолот, брокулата, морковот и анасон. Исто така, се препорачува зеленчук со висок процент на вода, како што се домати, краставици, зелени салати, тиквички и ротквица. Овие видови на зеленчук имаат многу малку калории и во исто време се многу здрави и хранливи.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!