Бучавата и аритмија на срцето се поврзани

Последните студии покажаа поврзаност помеѓу бучавата и аритмија.

Познато ни е дека лошиот начин на исхрана, ако не сме физички активни, конзумираме алкохол или пушиме цигари, сето ова може да доведе да имаме проблеми со срцето. Но, научниците сега докажаа дека и бучавата има фактор да влијае на нашето срце.

бучава

Бучавата ја зголемува веројатноста за развој на најчестата срцева аритмија, атријална фибрилација, ова се податоци од здраствената студија на Универзитетот во Мајнц. Во една студија објавена во International Journal of Cardiology Journal, до 23 проценти од анкетираните страдаа од атријална фибрилација поради екстремни услови на бучава. Без бучава оваа бројка беше многу помала само 15 проценти.

Претходните студии покажаа дека само еден до три проценти од луѓето страдаат од атријална фибрилација. “Ова е затоа што шансите за срцева аритмија се зголемуваат со возраста”, рече кардиологот Томас Муензел. На почетокот на студијата, пред десет години, учесниците во истражувањето имаа помеѓу 35 и 74 години, а за време на студијата станаа уште ранливи, објасни Муенсел.

Студијата за GHS собрала податоци од над 15.000 жени и мажи кои биле изложени на различни видови на бучава во текот на денот и ноќта и пријавувале кога ќе добиеле аритмија.

Бучава која најмногу им пречи на луѓето според истражувањата се железничката бучава, бучавата од соседите, бучава на воздухопловството како хилихоптери.

Сподели го ова преку:
  • 6
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk