Три причини зошто треба да јадете Чоколадо!

Сè повеќе резултати од анализите за флавонолот и антиоксидансите присутни во какаото, укажуваат дека уживањето во јадење чоколадо на вашето тело може да му придонесе многу позитивни работи. Ова се само најдобрите 3 причини зошто треба да јадете чоколадо!

Колачиња од чоколадо

Остар ум

Истражувачите од универзитетот Харвард открија дека 89 проценти од возрасните луѓе кои боледуваат од дијабетес или од некои други болести поврзани со крвотокот, а исто така пијат две чаши какао или течно чоколадо дневно во текот на еден месец, имаат подобрување во сите тестирања за меморија или други мозочни активности.

Крвен притисок

Дневната доза на црно чоколадо може да го намали вашиот крвен притисок. Во истражувањето спроведено во 2014 година, докажано е дека темните чоколади го намалуваат крвниот притисок поради нивната способност да ги опуштат артериите и вените. Истражувањето било спроведено на лица од 18 до 23 години, кои јаделе чоколади со 75 проценти какао.

Контрола на стресот

Доколку често посегнувате по чоколадо кога сте под голем стрес, тоа значи дека сте го навикнале организмот на релативно добра работа. Последното истражување спроведено во Швајцарија покажало дека црните чоколади имаат способност да го намалат производството на кортизолот во надбубрежните жлезди, и најголем дел од оние луѓе биле под притисок на работното место, посегнувале по чоколади.

Сепак, прекумерното консумирање на овој лековит производ може да ги уништи сите негови добри страни!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди