Од што зависи колку ќе живеете?

Дали човек ќе доживее срцев удар, ќе има зголемен крвен притисок или проширени вени, зависи од многу лични избори кои се однесуваат на начинот на живот, укажуваат испитувањата презентирани на собирот на Европското Здружение на Кардиолози.

Идеална формула за чување на срцевото здравје во секој случај не постои, но вистинската комбинација на работи кои во таа смисла треба да ги правите да го зачувате вашиот живот, варира од човек до човек.

Една студија во Данска, која ја раководел кардиологот Питер Шнор, покажала дека интензитетот на некоја физичка активност е поважен од нејзиното траење. Потврдено е дека луѓето кои поживо ги вртат педалите додека возат велосипед, во просек живеат 5,3 години подолго од оние кои го прават тоа многу поспоро. Просечниот интензитет на возење велосипед во секој случај е доволен да обезбеди 2,9 години подолг живот.

Истражување, објавено од универзитетот Мериленд, ја потврдува вистината на народните мудрости дека смеењето е најдобар лек. Тие се убедени дека 45% од мажите и жените кои ги испитувале, а боледуваат од срцеви заболувања, со доза на хумор, многу полесно ги прифаќаат вообичаените животни ситуации од оние кои воопшто не се смеат.

Предводникот на ова истражување, професорот Мајкл Милер и неговиот тим, исто така утврдиле прикажувајќи им на испитаниците наизменично стресни филмови и комедии, дека ризикот во промена на крвните садови помеѓу фазата на смеење и фазата на ментален стрес се менува, односно варира од околу 30 до 50%.

Истражувањата од универзитетот во Хелсинки повторно утврдуваат дека на срцето ништо не му делува полошо од комбинација на интензивен притисок, како на пример, работодавецот да врши постојан притисок врз работникот за да се одработи некоја работа.

Доколку ваквите ситуации се зачестени во нечиј живот, тоа дури може да резултира и на срцеви заболувања со фатални последици или прерана смрт.

Од друга страна пак, истиот тим утврдил дека, оние луѓе кои се вработени сепак подобро се справуваат со ризикот од срцеви заболувања.

А експертите од универзитетот Harward препорачуваат да се зачува здравјето со умерено јадење чоколадо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди