Колку тежи оваа чаша?

Еден психолог поставил прашање на интернет кое стана многу актуелно на друштвените мрежи, а неговото прашање беше: Колку тежи оваа чаша?

Сите се изненадиле од прашањето и помислиле дека е „трик прашање“ во врска со тоа дали чашата со вода е „полу-празна или полу-полна“. Следеле одговори од типот дека чашата тежи од 200 до 600 грама.

Подоцна тој го одговорил прашањето.

Тежината воопшто не е битна. Се зависи од тоа колку ја држиме чашата. Ако ја држиме една минута не е никаков проблем. Ако ја држиме еден час ќе не заболи раката. Но ако ја држиме цела вечер ќе се укочиме. Во секој случај, тежината на чашата не се менува, но колку повеќе ја држиме толку повеќе се зголемува тежината.

Истиот случај е со стресот, стресот во животот е како чаша вода. Ако размислуваме за него некое време ништо нема да се случи. Размислувањето малку подолго ќе почне да не “боли”. Ако цел ден сте под стрес и мислите на тоа, ќе бидете укочени и неспособни за ништо.

Затоа, психологот ни препорачува… „СПУШТЕТЕ ЈА ЧАШАТА“.

Без тензија, фокусирајте се да го решите проблемот, донесете најдобра одлука и чувствувајте се сјајно!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди