Габична инфекција кај мажите

Кога првпат добив габична инфекција од мојата девојка, од еден пријател добив ваков совет: – „Ти пријателе треба да си го ставиш органот во чаша со јогурт“.

Порано никогаш и не помислував дека такво нешто може да му се случи на еден маж. Впрочем се изненадив, бидејќи ваквa инфекција е карактеристична за жените. Во ретки случаеви мажите можат да добијат и генитална кандидијаза. Кога на клиника ќе ми кажеа дека речиси е невозможно овие инфекции да се добијат преку сексуален однос секогаш помислував дека тоа е лага, проклета лага. Од мојата девојка а сега веќе свршеница „закачив“ уште неколку. Често имаше и расправии од типот „Не ми веруваш?“.

На клиниката добивав одговор дека габичната инфекција може да предизвика црвен осип и бели дамки на пенисот особено во близина на врвот. Чешање, иритација тесна потсечена кожа белузлав исцедок, проблеми при уринирање, сите овие симптоми траеја околу една недела. За среќа се излекува! Намалив со внесување на шеќери, алкохол, а исто така пиев и кефир.

Овие проблеми почесто се среќаваат кај мажи со дијабетес и необрежани мажи. Необрежаните мажи некогаш може и да не приметет дека имаат ваква инфекција иако идејата да се обрежува возрасен маж и не е баш толку добра бидејќи е доста болен и тежок тој процес.

Проблем со габична инфекција може да се јави и кај мажите со слаб имунолошки систем или пак доколку користите антибиотици. Антибиотиците ги убиваат и добрите бактерии во вашиот систем, со што организмот станува сè повеќе ранлив. Вагиналната габична инфекција не се смета за сексуално пренослива, но кај 12% до 15% од мажите може да се појави симптом на чешање и осип на пенисот по сексуален однос со инфициран партнер.

ПРЕВЕНЦИЈА

(Забелешка: Мора да истакнам дека јас не сум доктор. Сето ова е од лично искуство и истражувајќи по веб сајтови. Најдобар совет за ваква работа е да се консултирате со вашиот доктор.)

Користете кондом

  • Користете кондоми бидејќи е најважно за да се заштитите од сите сексуално преносливи болести.

Комуницирајте со вашиот партнер

  • Прашајте дали и партнерот има некаков сличен симптом

Одржувајте ја хигиената

  • Тоа претставува дополнителна заштита за ваков вид на инфекција.

Бидете трпеливи!

Доколку вашата девојка сè уште не е целосно излекувана мора да бидете трпеливи што се однесува за сексуалните односи бидејќи во спротивно сè може да се случи повторно од почеток и да биде и полошо.

  • Носете памучен и мек долен веш
  • На овој начин кожата може да дише.

Јогурт или кефир

Добив еден совет од мојот пријател но тоа е сосема погрешно и никако не смее да се комбинира храна со генитален третман. Но, пиењето јогурт особено пробиотички јогурт со носивост на корисни бактерии е од суштинско значење. Може да пиете и пробиотички кефир.

– Tyson Lowrie

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди