Аперативите и Слабеењето

Истражување направено и објавено во журналот Апетит (Appetite) во април 2009 година, од страна на др. Џули Е. (Julie E. Flood-Obbagy), во врска со ефектот на аперитивите кои се земаат во различни форми пред главните оброци (главно овошја или салати од зеленчук), се истакнува дека ако се јаде овошје пред главниот оброк, како што е ручек или вечера, ќе се намали внесувањето на калории.

Инаку, целото овошје, како што е на пример, целото јаболко, многу подобро делува во намалувањето на внесени калории, за разлика од сосот од јаболко, или сокот од јаболко.

Кога испитаниците, кои учествувале во ова истражување, јаделе парчиња од јаболко пред ручекот, тие многу помалку внесувале калории за време на главниот оброк, односно за цели 187 калории помалку, отколку кога не јаделе цело јаболко.

Зеленчук и Овошје

Изразот аперитив вообичаено значи појачувач на апетитот и се консумира пред главното јадење. Сепак, оваа студија го покажува неговиот спротивен ефект. Каде е вистината? Здравиот аперитив, како што се овошјето и зеленчукот, всушност го намалуваат апетитот, а не го зголемуваат, како што вообичаено се мисли. На тој начин се намалува количеството на храна кое ќе се консумира во главниот оброк. Ваков ефект се постигнува кога пред оброкот најпрво се консумира супа и салата. Истражувањата покажаа дека ако пред главното јадење се консумира ниско калорична супа, последователно се намалува внесувањето на калории со главното јадење за околу 20%. Супата во овој случај треба да е подготвена од брокула, компир, карфиол, морков.

Салатата, исто така, ќе го намали апетитот. Но, треба да се напомене дека само салатата која се консумира подготвена од свеж зеленчук и без дополнителни додатоци од сирење, преливи и слично, го дава ефектот во намалувањето на внесување на калории за околу 12%. Ако салатата е подготвена со додатоци од млечни производи, како на пример сирење, кашкавал, преливи од јогурт и слично, тогаш се зголемува внесувањето на калории за 17%. Салатата треба да е подготвена од листови зелена салата, брокула, морков, домати, целер, ѓумбир.

Овие податоци можат да ви помогнат да научите како да внесувате многу помалку калории, без да го загрозите вашето здравје или да осетите глад. Но, тоа е начин на исхрана каде можете храната да ја консумирате слободно и неограничено, без да ги броите калориите. Колку и да изедете, никогаш нема да го оптоварите вашиот метаболизам со непотребни и неефикасни калории. Истовремено ќе го забрзате процесот на намалување на вишокот килограми, со истовремено подобрување на здравствената состојба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди