Ананасот го спречува и ракот

Истражувањата покажаа дека ананасот е многу ефикасен дури и во превенција и лечење на ракот. Група австралиски научници објавила дека во молекулите на ананас е откриен моќен антиканцероген агенс, што би можело да даде резултати за производство на новиот лек против таа болест.

Научниците од Институтот за медицинско истражување во Квинсленд објавија дека се работи за два молекула бромелин, супстанца добиена од кората на ананасот кој го користиме.

Козметички магионичар

Ананасот не само што е здрав, туку тој е и вистинскиот козметички магионичар, кој од надворешноста и внатрешноста ја храни нашата кожа, ја чува нејзината влажност, ја регенерира, ги чисти и ги собира нејзините пори. Докажано се бори против брчките, го успорува процесот на стареење на кожата, ја подобрува нејзината еластичност, ја прави млада, свежа и сјајна. Како што го подобрува метаболизмот, така посебно делува на согорување на маснотиите, ананасот е многу успешен борец против целулитот и вишокот килограми.

Ананас

Ананас (лат. Ananas comosus) се вреднува како една од најлековитите билки, а многу го нарекуваат “Кралот на овошјето”. Богат е со ензими, минерали и витамини. Содржи калциум, калиум, магнезиум, фосфор, манган, железо, јод и цинк потоа провитамин A и витамините од групата E,C, и B. Бромелин, главната лековита материја во ананасот, слична е на онаа од пепсин, која се наоѓа во нашите моќни ензими, кои служат за подобро варење на храната и подобра дигестија на протеините. Исто така помага при лечење од заболување на бели дробови, бронхитис, анорексија, лошо варење на храната, сончаница, едем, алергија, артериосклероза, гребење на грлото па дури и помага при лечењето од рак.

Ананасот го штити организмот од последици на стресот и делува благотворно на поединечни пореметувања на гастроинтестиналниот тракт, помага за спречување на болките и во состојба е да го забрза породувањето во случај на доцнење. Ги зајакнува органите за варење и дишење како и слезината.

Коренот и плодот од ананас се применуваат на кожата како средство против воспаление. На Филипините традиционално се користи ананас против паразитите во органите за варење на храната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди