Знаете ли дека не смеете да го миете лицето кога се туширате

Знаете ли дека не смеете да го миете лицето, кога се туширате и топлата вода и гелот за туширање, можат да ви ја исушат кожата.

лице

Некако сите имаме навика пред спиење или рано наутро, да се истушираме. Па многу често, додека сме под туш знаеме да измиеме лице, но никогаш не сме биле свесни дека правиме нешто лошо за кожата на лицето. 

Зашто е тоа така? Кожата на лицето е многу почувствителна, од другите делови на телото. Под туш е изложена на многу висока температура, бидејќи се тушираме во многу топла, дури жешка вода, секоја чест на тие што се мијат со ладна. Топлата вода го мие заштитниот масен слој односно себумот.  Па, затоа после туширање имаме црвено лице и често после тоа чувствуваме пецкање на кожата. Затоа не треба да го миеме лицето со топла вода, а ако додеме и гелот за туширање тогаш ни се суши кожата.

лице

Затоа имајте на ум, кога влегувате да се туширате, внимавајте шампонот да не дојде во допир со кожата на лицето. И заборавете на шампони кои се и гел за туширање и миење коса и лице, особено ако имате чувствителна кожа. Најубаво е лицето да го миете после туширање. Измијте го лицето над мијалник со ладна или млака вода. Тогаш можете да ја регулирате температурата на водата и плус ќе бидете сигурни дека нема да дојде до допир со штетни сретства за миење.

лице

Сподели го ова преку:
  • 9
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk