Убавината не е пресудна

Убавината не е пресудна, но, за привлекување е важен еротскиот капитал, а него го сочинуваат сексапилот, шармот, друштвените вештини, како и сексуалните особини. Добро е да се знае дека сето тоа може да се научи.

Сигурно веќе сте приметиле дека луѓето не ги привлекува само убавината, туку и мнозинство од други квалитети како што е интелегенцијата и шармот. На таквите луѓе најчесто се им оди од рака и омилени се во друштвото на сите кои ќе налетаат на нив.

Можеби на вам тоа не ви изгледа фер, но дефинитивно е предност да се родиш со добар изглед. Како што е наведено во едно истражување, убавите деца во текот на растењето побргу развиваат харизма, самодоверба и сексапил. Во сето тоа возрасните привлечни луѓе заработуваат и до 20% повеќе од останатите, пишува британскиот Дејли Мејл.

Неколку истражувања утврдиле дека привлечните и убавите луѓе се поуспешни, дека имаат подобар сексуален живот, доста се подоверливи и малку се склони на депресија. Тоа е неправда? Можеби, но добра вест е дека може да се научи да се биде привлечен. Секако учењето е процес кој бара време и посветеност, па пред да се одлучите на таков чекор, размислете дали сте спремни на сето тоа.

Можеби никогаш нема да имате симетрични црти на лицето и совршен тен, но сите останати компоненти кои ја сочинуваат привлечноста кај некоја особа, можете да ги научите. Во срцето на вистинската привлечност, како што кажуваат некои експерти, се наоѓа „еротски капитал“.

Еротскиот капитал е спој на убавина, сексапил, шарм, социјални вештини, сексуални способности, како и талент за убаво облекување. Со други зборови, тоа е клуч за мешавина на физичка и психичка привлечност.

Добар пример е Мадона. Позната пејачка и супер ѕвезда, не е класична убавица и има многу просечен глас, но се трансформира во сигурно најпознатата жена на светот – успешна и привлечна. Мадона не е единствениот пример, покрај неа тоа го направиле и Џенифер Анистон, Мерил Стрип, Хелен Мирен и многу други познати личности… Иако ви се чини дека припаѓаат на сосема различни групи на луѓе, она што сите овие ѕвезди го имаат како заедничко нешто е секако харизмата со која го прикриваат својот просечен изглед. Што значи посветете многу внимание на вашиот говор доколку сакате да постигнете повисок степен на харизматичност, а тоа се прави и пред огледало!

Потоа, извадете го најдоброто што можете од себе. Со други зборови, негувајте го вашиот изглед, посветете внимание на својата коса, ноктите и кожата, а посветете големо внимание и на облекувањето. Уште поважен е и вашиот став – самодовербата е предуслов на сè.

Постапете со себе со голема почит, вежбајте друштвени вештини, а не е исклучок и да прочитате литература која може да ве научи на тоа.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk