Што може да ви се случи ако не ја избришете шминката пред спиење

Многу често сте уморни и не ја бришете шминката пред спиење, па си велите утре ќе ја избришам, што може да ми се случи. Може многу да ви се случи, да си го оштетите лицето!

шминка чистење

„Колку подолго ја чувате шминката навечер, толку повеќе ви се оштетува лицето“ вели Janet Graf дерматолог од Њујорк.
„Нашето лице и нашето тело имаат циркулаторен ритам. Ноќта за кожата е најважна, тогаш таа се обновува, додека шминката на лицето го оневозможува тој процес и ја оштетува кожата” Докторот Graf потенцира, дека колку почесто го прават ова “мрзливите девојки”  (тој така ги нарекува) и не ја бришат шминката толку повеќе и штетат на кожата.

шминка пудра

Пудра:

Пудрата може да го оштети вашето лице од начинот на кој ја носите. Доколку пудрата ја ставате наутро и ја носите преку целиот ден, а навечер не ја избришете тоа може да биде многу опасно. Цела нечистотија што сте ја собрале во текот на денот, ја оставате да стои на вашето лице.

шминка маскара

Маскара:

Некој девојки маскарата не ја вадат навечер, затоа што сакаат наутро да им се убави трепките, некој не ја вадат дека ги мрзи.
Честичките кои ги има маскарата, може да го иритираат вашето око, така може да добиете инфекција на очите дури и да добиете евентуален развој на конјуктивитис.
Исто така ако не ја вадите навечер маскарата, вашите трепки ќе станат многу кршливи и ќе ви опаднат.

Тоа што знаете, колку е штетно не бришењето на шминка, не значи дека секогаш ќе го правите и нема никогаш да ве мрзи. Па затоа девојки, препорачуваме производ за бришење на шминката да го чувате во близина на креветот.

Сподели го ова преку:
  • 7
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk