Пченкарно брашно за мазна кожа!

Ви претставуваме неколку совети како да користите природни препарати за да си го освежите лицето. За да можете да ги отстраните трагите на замор од кожата на рацете, да го освежите лицето и да го направите мазно, користете природни средства во кои главната состојка е пченкарното брашно.

Маска за лице со мед

Потребно е:

  • 2 лажици пченкарно брашно.
  • 1 лажица мед.
  • 2 до 3 лажици топло млеко.

Сите тие состојки промешајте ги добро, со нежни потези смесата нанесете ја на влажно лице. Со влажна крпа покријте го лицето и оставете го така 15 минути, потоа измијте го со топла вода.

Пилинг

Потребно е:

  • 2 лажици пченкарно брашно.
  • 1 белка од јајце.

Сите тие состојки промешајте ги со кружни потези, смесата нанесете ја на лицето. Измијте го лицето по 15 минути, односно кога смесата ќе се исуши. Мијте го лицето прво со топла вода а потоа со ладна, повторно правете го тоа со кружни потези. Така ќе ја подобрите циркулацијата на крвта и ќе ги отстраните мртвите келии од кожата. Овој пилинг се препорачува на лица кои имаат масна кожа.

Млеко за чистење

Потребно е:

  • 4 лажици пченкарно брашно.
  • 3 дл. млеко.
  • 1 лажица пченкарно масло.
  • 2 до 3 капки етерично масло од роза.

Пченкарното брашно промешајте го во млекото и загрејте го над пареа од врела вода во времетраење од 30 минути. Оставете го да отстои еден до два часа, потоа, исцедете го млекото, додадете го во него маслото и сето тоа добро промешајте го (како јогурт), млекото чувајте го во ладилник (фрижидер) и користете го седум дена последователно.

Маска за раце

Потребно е:

  • 3 лажици пченкарно брашно.
  • 2 лажици пченкарно масло.
  • 3 до 4 лажици млеко.

Сите состојки промешајте ги додека не постигнете густина на крема, смесата нанесете ја на рацете. По 15 минути измијте ги рацете прво со топла потоа со ладна вода. Оваа маска е одлична за изморени и отечени раце.

Крема за раце

Потребно е:

  • 4 лажици пченкарно брашно.
  • 4 лажици глицерин.
  • 2 дл. (розова водичка) течност од роза.
  • 4 капки етерично масло од роза.

Над пареа од врела вода промешајте го брашното, глицеринот и течноста од роза, се додека не постигнете густина на крема. Кога кремата ќе се олади, со непрекинато мешање додадете го маслото од роза. Кремата за нега на рацете користете ја секојдневно. Чувајте ја во ладилник (фрижидер) сместена во стаклен сад, како на пример, тегличка од некоја крема за лице.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!