Домашен лек против опаѓање на косата

Секојдневно човек губи околу 100 влакна од својата коса и тоа се смета за нормално. Но ако губењето на косата се зголемува, а таа не продолжува да расте станува збор за сериозен проблем.

На опаѓање коса, не се имуни ни мажите ни жените, но затоа постојат различни лекови кои можат да ви помогнат.
Причина за опаѓање на косата може да биде генетиката. Истражувањата покажуваат дека најчесто ќелавост се наследува од страна на мајката. Денес дури со помош на испитување може да ви кажат и во кои делови на главата ќе ви падне косата.

Освен генетиката, причините за опаѓање се и животните промени. Кај жените најчесто се хормоналните промени, особено кога жената ќе остане бремена. Исто така, за време на менопаузата кај жените косата опаѓа. Кај мажите и жените причина за опаѓање на косата може да биде и косумирање на лекови. Најчесто тоа се лекови за артритис, тумор и кардиоваскуларни болести.

Една од причините е премногу внесување на витаминот (А) во организмот. Но, во денешно време и стресот е еден од главните причинители за ќелавост.
Природни лекови за опаѓање на косата се маски за коса кои може да си ги направите и дома.

Маска со маслиново масло, мед и цимет
Оваа маска ќе ви послужи да ја направите вашата коса поцврста.

Потребно е:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица цимет

(Сето ова треба добро да се промеша.)

За време на нанесување на маската, внимателно масирајте го коренот на влакната. Оставете ја маската да стои 15 минути, потоа исплакнете ја косата со млака вода.

Маска за забрзан раст на косата
Една од најпопуларните маски за забрзан раст на влакното, е маската богата со витаминот (Б).

Потребно е:

  • 1 лажица чичково масло
  • 1 лажица рицинусово масло
  • 1 лажица алое вера.

(Сето ова треба добро да се промеша.)

Мешавината намачкајте ја на коренот од влакната, а потоа ставете си (пластична) кеса на главата. Чувајте ја најмалку 30 до 60 минути. Потоа исплакнете ја косата со шампон и млака вода. Оваа маска може да се применува еднаш неделно во период од 2 месеци и сигурно ќе ги видите резултати.

Масла, витамини и коприви

Хранливи состојки што ви се потребни за вашата коса најчесто се масла, а најпознатите се маслата од кокос, рицинусовото масло и чичковото масло што ќе ја направат вашата коса поубава. Идеалено за вашата коса, исто така, е и шампонот од коприва.

За подобар раст на косата

Потребно е:

  • 50ml рициново масло
  • 100ml пантенол
  • 1 капсула од (АД) витаминот
  • 750ml шампон од коприва.

(Сето ова треба добро да се промеша.)

Овој шампон може да го користите во секојдневното миење на косата. Користете го, така што, ќе го оставите малку подолго да стои на вашата глава, а потребното време е најмалку 5 минути.

Сподели го ова преку:
  • 4
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!