Постои ли нега за црвена кожа?

Без разлика дали вашата кожа е црвена поради акни, изгореници од сонце, розацеа или од нешто друго, подобрувањето на вашата кожа може да биде многу тешко. Иако денес постојат големи достигнувања во козметиката, може ли целосно да се излечи црвената кожа?

Некои експрети велат „да“.
Црвенилото и воспалението кои произлегуваат од ладното време, ветерот, изгореници или од акни и егзиема, генерално се лекува. За почеток, обидете се да користите производи за нега на кожата, кои содржат смирувачки состојки како сончоглед или бел чај, исто така, барајте производи каде што пишува „анти црвенило“. „За долгорочно да ви го снема црвенилото може да се лекувате со помош на ласери“, вели Нешвил дерматолог во „Michael Gold, MD“.

Некои експрерти се помалку оптимисти
Ако црвенилото е систематско и предизвикувано од розацеа, што влијае на 14 милиони луѓе само во САД, нема „лек“ за да се ослободите од него. И покрај фактот дека црвената воспалена кожа е обично предизвикана од зачинета храна, алкохол, кофеин или стрес, иако ги отфрлиме овие работи од нашиот живот, кожата никогаш до крај нема да се излечи.

„Додека розацеа е хронична состојба, некои форми на розацеа (папуларни/пустуларни), може да се контролираат но не и да се елиминира црвенилото со орални лекови“, вели дерматологот од медицинскиот институт во Хјустон – САД, Санил Чилакари. „Сепак, ако лекот не се внесува нон стоп во организмот или третманите не се одржувааат, црвенилото брзо ќе се повтори.“

За жал, не постои ниту еден третман кој трајно ќе ви помогне. Во секој случај ако вашето црвенило се појавува од „никаде“, како акните, тоа обично може да се третира со тематски производи како креми за анти-црвенило или коректор. Но доколку станува збор за розацеа, можеби ќе можете да го контролирате црвенилото, но нема да можете да се ослободите од него засекогаш.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди