Јога поза која уништува целулит

Целулитот е вид на масти кои се наоѓаат под кожата на човекот и создаваат нерамнина, односно ја прават кожата релјефна. Не грижете се, оваа јога поза навистина уништува целулит.

Добрата вест е дека тие масти не се толку штетни како што се оние кои ги опкружуваат внатрешните органи. Но, сепак не изгледа естетски убаво.

Доколку не сте задоволни со изгледот на вашиот бут и задница, иако редовно тренирате, најдобар начин да го отстраните целулитот е да ги затегнете бочните страни од вашето тело, задникот и стомакот. Секојдневно практикувајте ја следната поза за побрзо да се решите од целулитот.

1. Застанете во „тесен“ став. Поставете ги рацете на колковите, десната нога свиткајте ја до колено и подигнете ја нагоре (наназад). Со лесни потези, држете ја раката за стопалото и 20 пати турнете ја петата нагоре колку што можете повеќе. Но, внимателно не претерувајте, бидејќи во прашање се квадрицепс мускулите, можете многу лесно да ги повредите доколку правите нагли потези!

2. Кога ќе завршите со подигнувањето на петата нагоре, со десната рака фатете се за десниот скочен зглоб. Потегнете (наназад) колку што можете погоре, истовремено, во истиот ритам подигајте ја левата рака нагоре.

Во таа положба останете најмалку 30 секунди, а при тоа водете сметка на правилното дишење, дишете во ритам со телото! Доколку правите повеќе серии на вакви вежби, препорачливо е да се одморите само една минута помеѓу вежбите. Потоа, ако не сте изморени можете да ги смените страните неколку пати, во зависност со вашата кондиција.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!