Брза и убава деловна шминка

Ако сакате за брзо време да изгледате убаво, а имате само неколку минути за подготовка, ние сме тука да ви дадеме неколку совети. За убав изглед на лицето ви требаат само неколку работи! Добра основа за шминка – крема, фон де тен или пудра. Секако вие одлучувате.

Погледнете го следниот видео прилог во кој, Скот Барнс, ви демонстрира како за петнаесет минути да ја постигнете целта… Тој ви покажува како чекор по чекор да имате брза и убава деловна шминка.

Дневната шминка на Барнс, може да ви користи на пример, за вашето прво работно интервју, вашиот состанок со клиентот на кој не би изгледале толку нападно, а сепак делувате убаво или за прием на нови работници доколку вие сте работодавец.

Исто така, дневната шминка најмногу би ви користела доколку сте задолжени за прием на клиентите во компанијата каде што работите.

На пример, руж во свежа нијанса, ви препорачуваме розова боја или праска. Сјај за усни, маскара и сенки во златно кафена нијанса. Направете го тоа многу брзо и лесно следејќи ги примерите од овој видео прилог на Скот Барнс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди